Македонските фудбалски надежи на мегдан со Португалија!
Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година е пред голем предзивик во квалификациите за Европското превнство во 2015-та година во Чешка. Нашите надежи вечерва и гостува на една од најдобрите јуниорски селекции во моментов на „стариот континент“, Португалија.
Иако е во процес на смена на генерацијата, Македонија одигра подобро отколку што тоа го покажуваат резултатите во групата 8. Ремизираше на гости и дома го совлада Азербејџан, а двапати загуби од Норвешка, но во Скопје незаслужено и несреќно.

Португалците коишто се лидери со максимален ефект во четирите мечеви се фаворити на натпреварот во Барселос којшто ќе почне во 19 часот. Во двата домашни дуела нашиот противник постигна осум и прими само еден гол, но селекторот Бобан Бабунски смета дека фудбалерите не смеат да се оптоваруваат со Португалија, туку да се обидат да одиграат храбро и без преголем респект. Нашиот селектор најавува дека Македонија ќе се надигрува, ќе се обиде да создава шанси и доколку фудбалерите го одиграат договореното можат да се надеваат на добар резултат.
Младата селекција на Македонија ќе биде ослабена поради отсуството на повредените Бобан Николов и Христијан Драгарски, но поради важноста на натпреварот во составот ќе бидат Давид Бабунски, Александар Трајковски, Стефан Ристовски и Езџан Алиоски иако беа во плановите на Бошко Ѓуровски за пријателскиот дуел на нашата најдобра репрезентација против Летонија.
Португалија е прва со 12 бода од 4 натпревари, Израел е втор со три бода помалку, но и меч повеќе, додека трета е Норвешка со 6 бода од исто толку натпревари. Кај Македонија се е во знакот на четворката: позицијата, бодовите и бројот на одиграни средби. Петти е Азербејџан со четири бода, но и пет натпревари.
Според правилата, најдобрите репрезентации од секоја од десете групи, како и четирите најуспешни второпласирани селекции ќе обезбедат учество во баражот за шампионатот следната година.