Масовна кампања за вакцинирање против морбили во Самоа
05.12.2019 13:58
Во последните два месеца, на јужнопацифичкиот остров од мали сипаници починале над 60 луѓе, а илјадници се заразени...

Поради епидемијата со морбили, владата во Самоа почна да спроведува кампања за масовно вакцинирање на територијата на целата земја.
Во последните два месеца, на јужнопацифичкиот остров од мали сипаници починале над 60 луѓе, а илјадници се заразени. Семејствата коишто имаат невакцинирани членови се обврзани да обесат црвено знаме или платно на надворешниот дел од домот за да медицинските тимови можат полесно да ги пронајдат.
УНИЦЕФ прати вакцини, а лекови, опрема и медицински персонал пристигнаа и од Нов Зеланд.
