Минималната плата - дополнителен товар за фирмите кои не инвестираат во технологии
Минималната плата ќе биде дополнителен товар за фирмите кои нема да инвестираат во технологии за да ја зголемат продуктивноста на бизнисот и со тоа да обезбедат повисоки плати за работниците- велат од Организацијата на работодавачи. Од таму ставот- газдите ќе бидат принудени или да ги зголемат месечните примања или да го затворат бизнисот во трка по кадар...
Зголемувањето на минималната плата е притисок врз компаниите да ја зголемат продуктивноста за да ги надополнат трошоците за исплата на повисоки примања за работниците- велат од Oрганизацијата на работодавачи. Ќе опстанат само оние бизниси што ќе инвестираат во нови машини и технологии, за да бидат поконкурентни, во услови на дефицитарен кадар да ги мотивираат вработените да останат да работат. Димитров вели, во оваа трка ќе се снаоѓа секој како знае и умее, а државата не треба да ја минува црвената линија на учество од 60 насто на минималецот во просечната плата.
За да станат попродуктивни и да ги зголемат платите, малите и микро фирми кои се над 90 насто од бизнисот во државава треба да се насочат кон извоз. Не само што немаат поддршка, голем дел од нив немаат ниту кадровски потенцијал, анализи, познавања, како и со што може да бидат поконкурентни - вели Димитров.
Статистиката покажува извозните потенцијали на земјава континуирано се темелат на работата на големите компании. Во првите девет месеци од годинава вредноста на извезените стоки достигна 5 милијарди 350 милиони евра, за 10, 8 насто повеќе од истиот период лани. Трговскиот дефицит изнесува милијарда и пол.
Сузана Фиданска- Стоевска
