Заев: Евентуалното одложување од Шпанија дава можност да направиме условна ратификација во Парламентот
Евентуалното одлжоување од шпанија ја дава можност да направиме условна ратификација во Парламентот, вели премиерот Заев. Одиме сериозно и одговорно во посапките без политички калкулантства, додаде претседателот на Владата...
Евентуалното одложување од Шпанија дава можност да направиме условна ратификација во Парламентот, вели премиерот Заев. Но, чесно и достоинствено е да бидеме 30-та земја-членка која што ќе го ратификува протоколот за НАТО. Одиме сериозно и одговорно во постапките без политички калкулантства, додаде претседателот на владата.
„Евентуалното одложување од Шпанија, кое не верувам дека ќе се случи, ја отвора можноста да направиме условна ратификација во самиот Парламент, која би била објавена од страна на претседателот на државата, од страна на Парламентот, веднаш со ратификацијата во шпанскиот Парламент. Овде постапката и процедурата е усогласена со НАТО централата и тоа можеме да го направиме, но чесно, достоинствено и гордо да бидеме 30 земја-членка, која ќе ја направи ратификацијата. И затоа одиме сериозно и одговорно во делот на постапките без какви било политички калкукации“, изјави премиерот Заев.
Тој иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ ја означи како политичка калкулација и ги праша пратениците од оваа партија каде биле кога во Собранието се носеле важните стратешки одлуки за земјата. Премиерот истакна дека верува оти граѓаните ќе ги препознаат овие политички калкулации.
