Младите најмногу му веруваат на радиото

05.03.2014 15:05

Додека 3/4 од младите читаат електронски вести, дури 14% од младите никогаш не прочитале електронски медиум, покажува истражувањето „Млади и медиуми“ спроведено во Македонија од Младински обраовен форум и Фондација Метаморфозис...

Младите малку веруваат на содржините кои се пласираат на медиумите, а најмногу му веруваат на радиото, покажуваат денеска презентираните резултати од истражувањето насловено „Млади и медиуми“ спроведено во Македонија од Младински обраовен форум и Фондација Метаморфозис.
 
Резултатите покажуваат дека додека 3/4 од младите читаат електронски вести, дури 14% од младите никогаш не прочитале електронски медиум. Речиси половина од младите сметаат дека медиумите често пласираат лажни факти, додека 1/3 стуктурираат вести на пропагандистичен јазик. 
 
Во однос на слободата на говор на интернет кој е најкористен медиум од страна на младите, 1/3 од нив секогаш се чувствуваат неудобно да објавуваат политички ставови. 
 
„Во медиумите младите многу ретко се портретирани на современ начин како интегрален дел од општеството, додека многу почесто се известува за нив како проблематична категорија“, вели Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум. 
 
Денеска се одржа и трибината „Млади и медиуми – Како до заеднички интереси?“ на која младинските организации, новинарите и медиумските експрети ги вкрстија ставовите за состојбата и иднината на младите во медиумскиот постор.