Мираковска: Членот 11 не постои
Власта влезе во правен лавиринт и свесни дека прават грешка, го отфрлија автентичното толкување на член 11 од Законот за помилување, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Апел до СДСМ да ја прифатат нивната иницијатива- политичари кои се помилувани да немаат можност да се занимаваат со политика и со јавна функција. Конечниот збор го има законодавецот. Член 11 не постои, вели претседателката на Законодавно- правната комисија. Мираковска очекува и уставните судии да ја увидат грешката...
Барањето за автентичното толкување на член 11 со извештајот на Законодавно-правната комисија ќе биде точка на пленарната седница. И во опозицијата се свесни дека член 11 не постои, вели претседателката на комисијата Мираковска. Очекува и Уставниот суд да ја почитува одлуката на законодавецот. Додава дека иако Владата имаше позитивно мислење, за автентичното толкување, конечниот збор го има Законодавно-правната комисија.
Власта во последен момент се реши да нема автентично толкување на членот 11 од законот за помилување, бидејќи тие имаат сила на закон и важат од моментот на носење на членот на кој се однесуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што рече Милошоски, во 2016-та година четворица уставни судии, блиски до СДСМ во издвоено мислење со укинувањето на измените од 2009-та, тврдеа дека се враќа во правна сила членот 11 од Законот за помилување. Од опозициската партија со препорака- Уставниот суд да побара стручно мислење од Венецијанска комисија, а власта да го прифати нивната иницијатива, политичари што се помилувани да не можата да се занимаваат со политика или да се на јавни или државни функции.
Пред Уставниот суд е член 11а, а автентичното толкување се однесува за членот 11. Ако судот го укине или поништи 11а, тоа нема да има влијание на помилувањата, бидејќи Законодавно- правната комисија потврди дека тие се невалидни и се ништовни од моментот на давање, велат од Министерството за правда.
Милчо Велески
