Почнува кампањата за помалку бездомни животни

05.12.2019 15:00

Од Агенцијата за храна велат дека микрочипирањето е задолжително. Посочуваат дека тоа е потврда за заштита од болестите. Поради напуштање на милениче, надлежните изрекле казна од 500 евра. Кампањата која ја почнуваат има цел, идентификација и подигање на свеста. Информираат дека рокот за бесплатно чипирање истекува на 31-ви декември...

Над 70.000 домашни миленичиња досега се електронски евидентирани. Од Агенцијата за храна велат дека микрочипирањето е задолжително. Посочуваат дека тоа е потврда за заштита од болестите. Поради напуштање на милениче, надлежните изрекле казна од 500 евра. Кампањата која ја почнуваат има цел, идентификација и подигање на свеста. Информираат дека рокот за бесплатно чипирање истекува на 31-ви декември.

Сопствениците на миленичиња согласни дека треба да се чипираат. За граѓаните ова е одговор и за намалувањето на бројот на уличните кучиња кои велат се повеќе ги има и во централните подрачја, а кои неретко напаѓаат.

Европскиот проект за подобрување на здравствената заштита на животните, растенијата и подобрување на фитосанитарните контроли вреден 1,6 милиони евра, треба да помогне земјава да понуди конкурентни и безбедни производи на светскиот и на домашниот пазар.

Според податоците, бројката на небезбедни производи се намалува. Годинава имало два случаја на вратени производи од Европскиот пазар.

Дијана Ценевска