Продолжува судњето за случајот „Рекет“, ќе сведочат Орце и Ана Камчеви
Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во Кривичниот суд во Скопје како сведоци на Обвинителството за случајот „Рекет“, во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски- Боки 13...
Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева, во Кривичниот суд се сведоци на обвинителството за случајот „Рекет“, во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски- Боки 13.
На првото рочиште во вторникот, Јанева и Јовановски се изјаснија дека не се виновни за делото за кое се товарат. Обвинителството, рече обвинителката Рускоска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.
Третообвинетиот Зоран Милевски- Кичеец го призна делото и во издвоена постапка доби тригодишна затворска казна.
