Пендаровски и Димитров на конференција „Балкански дијалози“ во Берлин
Шефот на државата ќе има обраќање на пленарната сесија на тема „Проширување на ЕУ – неисполнето ветување – што сега?“, а Димитров на сесијата посветена на „Зајакнување на европската перспектива на Западниот Балкан“.
Претседателот Пендаровски и министерот за надворешни работи Димитров, во Берлин ќе учествуваат на конференцијата „Балкански дијалози“.
Шефот на државата ќе има обраќање на пленарната сесија на тема „Проширување на ЕУ – неисполнето ветување – што сега?“, а Димитров на сесијата посветена на „Зајакнување на европската перспектива на Западниот Балкан“.
На собирот се очекува да стане збор за неотворањето на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, за францускиот предлог за промена на методологијата за пристапување и за потребата од враќање на европската перспектива за земјите од Западен Балкан.
Шефот на дипломатијата Димитров, покрај учеството на конференцијата, предвидено е да има средби со претставници од германското министерство за надворешни работи и од кабинетот на канцеларката Ангела Меркел.