Туск: ЕУ направи голема грешка, особено кон Скопје
„Мислам дека е направена голема грешка стратешки и политички... по толку многу напор и пожртвуваност, особено во Скопје“, смета Туск...

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската унија, но голема грешка е и француското „не" за лидерите на Западен Балкан особено за Скопје, смета Доналд Туск во првото интервју по напуштањето на функцијата претседател на Европскиот совет.
„Мислам дека е направена голема грешка стратешки и политички... по толку многу напор и пожртвуваност, особено во Скопје“, рече Туск, кој по заминувањето од челното место во Советот на ЕУ беше избран за нов претседател на Европската народна партија, најбројната политичка групација во Европскиот парламент.
Француското „не“ ги натера водачите во регионот да очајуваат, вклучувајќи го и премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој се спротивстави на националистите за да стави крај на долгиот спор за името со Грција, вели Туск за „Гардијан".
