Општина Центар ќе издвои 800.000 денари за настраданите од земјотресот во Албанија
Сума од вкупно 800.000 денари од постојаната резерва на Буџетот на Општина Центар – Скопје за 2019-та година ќе биде уплатена на посебна сметка на Црвениот Крст за настраданите од земјотресот во Република Албанија...

Советот на Општина Центар на следната седница ќе донесе долука за доделување парична помош од 800.000 денари за настраданите од земјотресот во Република Албанија.
Средствата се од постојаната резерва на Буџетот на Општина Центар за 2019-та година, а ќе бидат уплатени на посебна сметка на Црвениот Крст на Република Македонија за настраданите од земјотресот во Албанија.
Серијата земјотреси, од кои најсилниот со 6,4 степени по Рихтеровата скала, со епицентар близу Драч, одзеде над 50 животи, над 1.000 граѓани се здобија со повреди, а голем број останаа без покрив на главата.
