УЈП почна со исплата на парични средства од „Мој ДДВ“

06.12.2019 12:03

Управата за јавни приходи информира дека средствата се легнати на трансакциските сметки на дел од оние кои скенираат фискални сметки преку проектот „Мој ДДВ“.

Почна исплатата на парите од повратот на ДДВ за физички лица. Управата за јавни приходи информира дека средствата се легнати на трансакциските сметки на дел од оние кои скенираат фискални сметки преку проектот „Мој ДДВ“.

„Досега е исплатен поврат кај 16.600 граѓани. До крајот на наредната недела, повратот ќе биде извршен кај сите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во првото тримесечје преку апликацијата „Мој ДДВ“, киоск апаратите и бар-код читачите“, велат од Управата.

Повратот ги офаќаа месеците јули, август и септември. Во првиот квартал се скенирани над 22 милиона сметки, а повратот од 15 проценти е во висина од над 186 милиони денари.