Камчев: „Рекет“ е конструиран случај од двајца режисери, Јанева и Јовановски
Бизнисменот Орце Камчев сведок на обвинителството за случајот „Рекет“. Случајот го нарече конструкција од двајца режисери- Јанева и Јовановски. На првото рочиште, двајцата обвинети негираа дека сториле кривично дело...
Бизнисменот Орце Камчев во Кривичниот суд како сведок на обвинителството за случајот „Рекет“. Неговата сопруга поради здравствени причини не се појави во судницата.
Камчев го нарече „Рекет“ конструиран случај од двајца режисери, Јанева и Јовановски. Рече дека знаел оти го прислушуваат, а за тоа добил информација од братот на судијката Весна Димишкова, која му ја определи мерката притвор за „Империја“. Тврдеше дека Димишков му кажал оти е под посебни истражни мерки и дека за тоа треба да плати 100.000 евра и дека добил список на понуди за укинување на притворoт.
Обвинетите, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски, на првото рочиште во вторникот се изјаснија дека не се виновни за делото за кое се товарат. Третообвинетиот Зоран Милевски го призна делото и во издвоена постапка доби тригодишна затворска казна.
