Бомбашки напади во Багдад
Најмалку 12 лица загинале а околу 60-ина се ранети во 9 бомбашки напади во Багдад. Во шест претежно шиитски области на главниот град експлодирале 7 автомобили бомби. За сега никој не ја презел одговорноста за нападот. Насилството во Ирак од почетокот на годината бележи пораст, а е предизвикано од главно незадоволното сунитско малцинство кое тврди дека е под притисок на владата на Нури Ал Малики. Според Франс Прес од почетокот на годината во Ирак загинале околу 1 800 лица.

Шкотскиот лидер Алекс Салмонд којшто се залага за независноста на британската област изјави дека независна Шкотска не би била туѓа земја за Англија. Според него, Шкотска и останатиот дел на битанските острови се нераздвојно поврзани. Граѓаните на Шкотска на 18 септември на референдум ќе гласаат за независност на земјата. Салмонд вели дека со независнота, Шкотска би добила свои пасоши, даноци и поправедна социјална политика, но додаде и дека сака земјата да си ја задржи валутата, монархот и членството во ЕУ.
10 лица загинаа, а 17 се повредени во опожарен автобус на североистокот на Кина. Во автобусот во моментот на несреќата имало 43 патници. Причините за пожарот не се познати, но имало случаи кога противниците на кинеската влада подметнувале пожари. Минатата недела еден човек признал дека подметнал пожар во автобус во југозападните делови на земјата за што мотив бил сомнеж за неверство на сопругата. Во несреќата загинале 6 лица, а 35 биле повредени.
Закани по живот добил клучниот сведок на обвинителството во случајот на јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус којшто минатата година ја уби својата девојка, Рива Стенкамп. Сведокот Карл Џонсон пред судот рекол дека добил закани по телефон и се жалел дека неговата приватност била сериозно загрозена. Најуспешниот параолимпиец се брани со тврдењето дека случајно ја убил девојката, мислејќи дека е провалник.
Стотина активисти од Швајцарија, Германија, Австрија и Франција, членови на меѓународната еколошка организација Гринпис со транспаренти на коишто пишувало „Крај“ изутрината спровеле акција пред нуклеарната централа во Швајцарија, којашто е најстара во светот барајќи да се затвори. Слични акции се најавени и за другите нукеларни централи во Швајцарија.