„Си беше еднаш во иднината“ премиерно во Битолскиот театар
По четврт век, битолскиот Народен театар во своја продукција на сцената поставува детско- младинска претстава. „Си беше еднаш во иднината“ работена по текстот на Сашо Кокаланов, а во режија на Срѓан Јанаќијевиќ, ја обработува борбата на новите генерации да ги исправат грешките на претходниците...
Вечерва на сцената на битолскиот Народен театар по 25 години се враќа вниманието кон најмладата публика. Претставата „Си беше еднаш во иднината“ од авторот Сашо Кокалaнов, а во режија на Срѓан Јанаќијевиќ, е приказна за две деца. Едното има желба да си го оствари својот сон, иако има сѐ изгубено во животот, а другото има многу исполнет живот, а сепак е несреќно. Режисерот очекува претставата да има долговечност и кај најмладата и кај повозрасната публика.
Јанаќијевиќ смета дека постојано има една театарска дупка во однос на претставите за возрасната категорија од 8 до 19 години. Текстот е направен по нарачка на раководството на театарот. Поддршката од ресорното министерство- песудна по четврт век за момент да се реанимира детско- младинската сцена.
Во претставата која од една ваква временска пауза добива епитет на културен феномен, настапува осум члена актерска екипа, и е вистинско освежување и за публиката, но и за ансамблот по враќањето од гостувањето во Кина.
Стевче Митревски
