Ново рочиште за „Рекет“, ќе сведочи Ана Камчева
На последното рочиште, што се одржа на 6-ти декември, сведочеше Јордан Камчев, кој рече дека во повеќе наврати обвинетиот Боки 13 се обидел да го уценува со, според него, наместен предмет „Империја“ покренат од Специјалното јавно обвинителство кој имал цел на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари...

Со сведочење на Ана Камчева, сопругата на Јордан Камчев, денеска во Kривичниот суд продолжува рочиштето за предметот „Рекет“ во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски.
На последното рочиште, што се одржа на 6-ти декември, сведочеше Јордан Камчев, кој рече дека во повеќе наврати обвинетиот Боки 13 се обидел да го уценува со, според него, наместен предмет „Империја“ покренат од Специјалното јавно обвинителство кој имал цел на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари.
На првото рочиште за „Рекет“, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот. Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната.
