Венецијанска комисија: Наметната употребата на албанскиот јазик во институциите

10.12.2019 10:01

Според заклучоците, се оди предалеку во употребата на албанскиот јазик во јавните институции. Ова се однесува на судските постапки, и не е многу јасно, се вели во извештајот, кои одредби треба да се однесуваат во употребата на јазикот, бидејќи има и такви кои што се однесуваат и на другите заедници.

Објавен е извештајот на Венециската комисија за Законот за употреба на јазиците. Според заклучоците, се оди предалеку во употребата на албанскиот јазик во јавните институции. Ова се однесува на судските постапки, и не е многу јасно, се вели во извештајот, кои одредби треба да се однесуваат во употребата на јазикот, бидејќи има и такви кои што се однесуваат и на другите заедници.

Затоа, Комисијата препорачува да се напушти двојазичноста во Законот и да се одложи спроведувањето на санкциите, односно казните. Според Комисијата, во светот не е забележан случај на употреба на двојазичност на униформите на војската, полицијата, здравствените работници и пожарникарите, и вообичаено, се вели во извештајот, на униформите стои службениот јазик на земјата.

Ова, според Комисијата, се однесува и на употребата на банкнотите, кованите пари, поштенските марки, платежните формулари, фискалните сметки и бандеролите.