Седници на седум собраниски комисии
10.12.2019 10:09
Во Законодавниот дом пратениците ќе расправаат по точките на дневниот ред закажани на седниците што ќе ги одржат комисиите за европски прашања, за надворешна политика, за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт...

Во Собранието денеска седници ќе имаат седум парламентарни комисии на чии дневен ред се повеќе законски акти во различни фази.
Во Законодавниот дом пратениците ќе расправаат по точките на дневниот ред закажани на седниците што ќе ги одржат комисиите за европски прашања, за надворешна политика, за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт, за здравство, за политички систем и односи меѓу заедниците и законодавно-правната комисија.
