Земјоделство

Последен ден за пријавување за закуп на земјиште

10.12.2019 10:25

Последен ден за поднесување на документите за огласот за закуп на 614 хектари државно земјоделско земјиште во регионот на Свети Николе. Понудените површини се наменети исклучиво за производство на земјоделски култури. Изборот на закупувачите ќе биде по пат на бодување.

Нови 614 хектари државно земјоделско земјиште во регионот на Свети Николе одат под закуп.

Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, парцелите ќе ги добијат за користење во период од 15 до 70 години.

Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица. Правните лица мораат да достават бизнис план, а физичките програма за користење на парцелата.

Почетната цена на закупот за еден хектар се утврдува во зависност од местоположбата и од катастарската класа и се движи од 5 до 25 евра.

Лицата кои имаат веќе договор за закуп на вкупно земјиште поголемо од 10 хектари, немаат право да учествуваат на овој јавен повик.

Изборот ќе се врши со бодување. Најголем број бодови, односно 65, добива месното население.

Огласот трае до денеска, а јавното отворање е три дена подоцна односно на 13 декември годинава.

 

Методија Трајков