ЧИЛЕ
Авион со 38 патници исчезна од радарот
10.12.2019 10:37
Контактот бил загубен еден час по полетувањето. Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера објави на „Твитер“ дека ја следи состојбата со министрите за одбрана...

Чилеански воен транспортен авион со 38 патници и членови на екипажот исчезна од радарот додека леташе кон Антарктикот.
Контактот бил загубен еден час по полетувањето. Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера објави на „Твитер“ дека ја следи состојбата со министрите за одбрана и внатрешни работи во седиштето на воздухопловните сили.
