Манаки: „Ексцеленцијо, застанете мирно“

05.03.2014 15:53

И по 50 години од смртта на Милтон Манаки, македонската и светската кинематографија го ставаат во редот на великаните на кинематографијата, од рангот на лимиер. Пред неговиот фотоапарат не одолеал ни турскиот султан Решат Петти. И денеска Битола со пиетет пред браќата Манаки...

Милтон Манаки преку својата камера 300,ја направи Битола препознатлива во светската културна јавност. И по половина век од неговата смрт, оставеното творештво е учебник кој го користат и денес докажаните имиња од оваа дејност.
 
„Неговите дела и ден денес се со висока уметничка и историска врсдност,времето кое изминало тој го овековечи за навек“, вели истакнатиот битолски фотограф Анастас Нашоку Саку.
 
Пионерот на балканската филмска уметност со неговиот брат Јанаки овековечиле значајни обичаи, случувања и настани.
 
По зборовите „екселенцијо застанете мирно“ на почетокот на 20 век, пред објективот на Манакиеви не одолеал ни турскиот султан Решад петти.
 
Иако најголемиот дел од нивниот филмски опус е дигитализиран и се чува во депото на Кинотеката на Македонија, сознанијата велат дека нивни материјали можат да се најдат и во некои странски архифи или приватни колекции. Надлежните велат дека трагаат.
 
„Континуирано се работи, се истражува. Има некои нови сознанија и се надевам дека во некој нареден проект ке има некоја нова публикација што ке сведочи за дејноста на овие луѓе“, рече Мими Горговска Илиевска директор на Кинотека на Македонија.
 
Експертите го обработуваат и заштитуваат обемниот, а и не помалку значајниот фото-материјал. 
 
„Вкупниот број на стаклени плочи што се чуваат во Битолскиот Архив е над 7000, засега се обработени над 400 плочи. Претстои уште многу работа“, вели професорот по фотографија Роберт Јанкуловски.
 
Пред нивното Филмско и фото богатство се поклонуваат и врвните светски кнематографи, кои доаѓаат на интернационалнит филмски фестивал „Браќа Манаки“.
 
 
Стевче Митревски