САД

Трамп: Напредуваат преговорите за трговски договор со Мексико и Канада

10.12.2019 11:03

Истовремено мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор ја повика претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси од Демократската партија да се ратификува северноамериканскиот трговски договор, иако мексикански деловни кругови сметаат дека предвидените измени ќе го ослабнат договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека добро напредуваат преговорите за трговски договор меѓу САД, Мексико и Канада.

Истовремено мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор ја повика претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси од Демократската партија да се ратификува северноамериканскиот трговски договор, иако мексикански деловни кругови сметаат дека предвидените измени ќе го ослабнат договор.

Обрадор вчера истакна дека мексиканските сенатори ги прифатиле забелешките на американските демократи кои се однесуваат на прашањата за работните односи и заштита на животната средина.