Законот за дивоградби денеска на седница на влада
Владата ќе го утврди текстот на предлог - законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, како и предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за градење.

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 169-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Како што соопштија од владината прес- служба, на оваа седница ќе биде разгледана информацијата во врска со барањето за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија, на предлог на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
Владата ќе го утврди текстот на предлог - законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, како и предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за градење.
Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 - 2023, со Акциски план, на Министерството за економија.
За оваа седница е предвидена и информацијата за прогресот на изградба на станови наменети за лица во социјален ризик и други ранливи групи и станови наменети за продажба.
