Макрон: Конструктивен самит на „Нормандиската четворка“
Додаде дека бил овозможен напредок во многу прашања за решавањето на украинската криза, вклучувајќи ја и размената на заробеници.

Францускиот претседател Емануаел Макрон заклучи дека самитот на лидерите на „Нормандската четворка“ во Елисејската палата бил продуктивен. Додаде дека бил овозможен напредок во многу прашања за решавањето на украинската криза, вклучувајќи ја и размената на заробеници.
Германската канцеларка Ангела Меркел исто така изрази задоволство што четворката се согласила дека постои потреба од посебна координација на политичките чекори за одржување на локалните избори во Донбас и додаде дека сите учесници на самитот покажале добра волја за политичко решавање на ситуацијата во Донбас.
Рускиот и украинскиот претседателот Владимир Путин и Володмир Зеленски повторно ќе се сретнат за четири месеци.
