Дане Талески- кандидат за амбасадор во НАТО
10.12.2019 13:05
В четврток шефот на дипломатијата Никола Димитров ќе ја образложи кандидатурата на Талески, на владина седница.
Дане Талески, советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев е кандидат за амбасадор во НАТО, потврдија владини извори. В четврток шефот на дипломатијата Никола Димитров ќе ја образложи кандидатурата на Талески, на владина седница.
Амбасадорското место во НАТО досега не беше пополнето, а Заев и Димитров во повеќе наврати говореа дека во моментов, кога земјата е пред прагот на полноправно членство во Алијансата, пополнувањето на ова место е од суштинско значење за земјава.
