За Украина се ветуваат пари од секаде

05.03.2014 15:59

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е подготвена со пет милијарди евра да ја поддржи економијата во Украина.

Поддршката, во период до 2020-та ќе биде координирана преку вложувања во структурни и макроекономски реформи. Сумата може и да биде зголемена доколку дозволуваат економските услови, велат од Банката.  ЕБОР смета дека Украина претходно треба да ја потпише макро-економската програма за стабилизација со ММФ, која е наменета, пред се, за справување со раширената корупцијата. Денеска, пак, Европската Комисија донесе одлука да и додели 11 милијарди евра на кус и среден рок.

Зоран Богатинов