Османи: Законот за употреба на јазиците нема да се менува

10.12.2019 13:07

Смета дека за ова прашање нема големи разлики во ставовите меѓу владините коалициски партнери СДСМ и ДУИ.

Ќе ги почитуваме препораките на Венециската комисија, но Законот за употреба на јазиците нема да се менува. Со создавање капацитети, двојазичноста полесно ќе се имплементира и нема да создава проблеми во општеството, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Смета дека за ова прашање нема големи разлики во ставовите меѓу владините коалициски партнери СДСМ и ДУИ.

Последните изјави на премиерот Заев и на вицепремиерката Шеќеринска се слични со нашите ставови дека нема да има отворање на прашањето на јазикот, како што нема да има отворање на прашањето на Преспанскиот договор, на Договорот со Бугарија и за јазикот ќе биде исто, изјави Бујар Османи.