Прилеп

Продолжува штрајкот во „Еурокомпозит“

10.12.2019 13:11

60-тина вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ продолжуваат со протести. Денеска го ја блокираа сообраќајот на улицата пред фирмата. Велат дека е неизвесна иднината на „Еурокомпозит“, немаат инвеститор, ниту работа, ниту, пак, плати. По последната средба со владините претставници мислат дека нема решение, а одговорноста се префрла од едни на други...

Поради неизвесната иднина, без инвеститори и без плати од почетокот на годинава, зашто земале, велат, само мали делови од заостанати плати, 60-ината вработени во прилепски „Еурокомпозит“ ги продолжуваат протестите, денеска, со блокада на улицата пред фирмата. Разочарани од, сметаат, несериозниот однос на владата, не веруваат дека има решение за „Еурокомпозит“.

Од последната средба пред 10-ина дена со владини претставници, работниците мислат дека само се префрла одговорноста од едни на други.

Неодамна 154-вработени беа прогласени технолошки вишок, а со закон на сите им се плаќаат придонесите за повеќе од шест годиони, но 60-ината вработени се уште чекаат инвеститор и извесна иднина. Најавуваат в четврток, протест во Скопје.

 

Елизабета Митреска