Франција
Продолжува штрајкот против пензиските реформи
10.12.2019 14:06
Парижаните веќе шести ден се соочуваат со сообраќаен хаос поради прекин на транспортните услуги.
Продолжува штрајкот против пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон. Парижаните веќе шести ден се соочуваат со сообраќаен хаос поради прекин на транспортните услуги.
Синдикатите најавуваат дека протестот веројатно ќе продолжи за време на викендот. Владата предлага универзален пензиски систем заснован врз поени што, според нив, ќе го зголеми стажот и ќе го намали износот што ќе го примаат откако ќе го завршат работниот век.
