Туризам

Нови содржини за подобар квалитет и раст на туризмот

10.12.2019 14:25

Ќе се градат велнес и спа центри, ќе се развива бањскиот и вински туризам. Најмалку една пештера ќе биде прилагодена за туристички посети. Македонскиот туризам ќе го подобрува квалитетот. Годинава се очекува за оваа гранка да се издвојат 2,5 проценти од бруто домашниот производ. До 2023-та година да достигне пет...

Ќе се градат велнес и спа центри, ќе се развива бањскиот и винскиот туризам. Ќе се работи на подобрување на квалитетот на туризмот во земјава. Најмалку една пештера ќе биде прилагодена за туристички посети. Годинава се очекува туризмот да биде 2,5 проценти од бруто домашниот производ. До 2023-та година да достигне пет.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, велат дека идната година се очекува земјава да ја посетат голем број слободни патувачи. Според Светската туристичка организација тие претставуваат речиси 52 процента.

18 милиони евра од ЕУ и 2,3- пари од буџетот се насочени кон подобрување на инфраструктурата и развојот на иновативни туристички капацитети со цел конкурентност .

Винскиот туризам е предност за туризмот. Олеснување на визниот режим ќе значи и повеќе туристи, велат од Здружението на винарници.

Идната година се очекува раст на туризмот до седум проценти и девизен прилив од над 400 милиони долари.

 

Дијана Ценевска