Брисел

Димитров: Остануваме посветени на европските реформи

10.12.2019 14:48

Како што соопшти МНР, на брифингот со неформалната парламентарна група чиј иницијатор е словенечката европратеничка Ирена Јовева, министерот Димитров изразил благодарност за континуираната поддршка од страна на Европскиот Парламент за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, со очекување дека истата ќе биде зајакната со новиот состав на ЕП.

„Решени сме да бидеме победници останувајќи посветени и напорно да работиме на европските реформи“, изјави шефот на дипломатијата Димитров на денешната средба со групата европратеници Пријатели на Северна Македонија во Европскиот парламент.

Како што соопшти МНР, на брифингот со неформалната парламентарна група чиј иницијатор е словенечката европратеничка Ирена Јовева, министерот Димитров изразил благодарност за континуираната поддршка од страна на Европскиот Парламент за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, со очекување дека истата ќе биде зајакната со новиот состав на ЕП.

Тој ги информираше соговорниците за последните реформски активности и конкретните резултати, а се осврна и на регионални прашања и нашите напори за унапредување на добрососедските односи. Министерот Димитров изрази почитување за реакцијата на поддршка на Европскиот Парламент преку донесената резолуција со која се повикува ЕУ да донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, веднаш по октомврискиот самит на ЕУ, соопштува МНР.

Европратениците позитивно ги оценија реформските постигнувања и дадоа силна поддршка за исполнување на европската стратешка цел на Северна Македонија, што поскоро.

Шефот на дипломатијата кој е во работна посета на Брисел, денеска оствари средби и со Дачијан Чолос, претседател на групата Обнова на Европа, со Андреас Шидер, копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-МК, Илхан Кјучук, известител за Северна Македонија во Европскиот Парламент.