ВМРО-ДПМНЕ: Во аферата за уништување инсулин има сомнежи за криминал
Според партијата, документите покажуваат дека бил уништен инсулин со валиден рок на траење.
Во аферата за уништување инсулин има сомнежи за криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, документите покажуваат дека бил уништен инсулин со валиден рок на траење.
„Ова е известување на Aгенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) од октомври 2017-та година, што покажува дека е направена анализа на инсулинот при што констатирала дека инсулинот е во одлична состојба и не се најдени никакви недостатоци. Го повикувам Венко Филипче да каже кога е произведен инсулинот кој беше уништен, а беше со рок до 6-ти односно до 7-ми месец 2020 година“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Ова отвора сомнеж дека владата и Филипче уништиле здрав инсулин за да има нов тендер каде добитник ќе биде компанија блиска до власта- велат од опозициската партија.
