Новинари од МРТ успешно ја минаа обуката на Европската радиодифузна унија
Новинари од јавниот сервис успешно ја минаа обуката на Европската радиодифузна унија. Во изминатите месеци тие се стекнаа со нови знаења и вештини, а своето искуство ќе го пренесат на младите колеги. Новинарите сметаат дека ова е добра можност за развој на нивната кариера, но и можност МТВ да продуцира успешен и професионален кадар...
Новинари и уредници од Македонската радио- телевизија успешно го завршија меѓународниот напреден курс за обучувачи на Академијата на Европската радиодифузна унија. Диплома за тренери добија 11 новинари од јавниот сервис. Имаат обврска натаму своите вештини и знаења да ги пренесат на помладите колеги.
Обучени беа и студенти. Велат, ова е одлична можност за да добијат нови знаења и вештини од областа на новинарството, но и да научат повеќе за функционирањето на јавниот сервис.
Овој курс од Академијата на ЕБУ траеше една година. Новинари и уредници поминаа низ различни видови на обука од искусни тренери од Европската радиодифузна унија.
Викторија Милевска
