ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандани за измена и дополнување на Законот за јазиците

10.12.2019 15:14

Потсети дека и при донесување на Законот за употреба на јазиците тие посочиле дека тој е спротивен на Уставот и надвор од европските стандарди. Почитувањето на забелешките од Венецијанската комисија, рече Данев, се обврска за нашата држава.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат амандамни за измена и дополнување на Законот за употреба на јазиците и негово усогласување со препораките на Венецијанската комисија, изјави денеска пратеникот Драган Данев. Тој побара СДСМ да се охрабри и да ги поддржи амандманите на ВМРО-ДПМНЕ.

Потсети дека и при донесување на Законот за употреба на јазиците тие посочиле дека тој е спротивен на Уставот и надвор од европските стандарди. Почитувањето на забелешките од Венецијанската комисија, рече Данев, се обврска за нашата држава.

Исто така Данев ја повика владејачката партија да ги прифати предлозите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за гласање на закон за забрана на амнестија за политичари, како и за забрана со политика на лица кои биле амнестирани.