Се укинува Законот за трговија на зелените пазари
Уште не стартувал со примена, Владата донесе решение да го укине Законот за трговија на зелените пазари. Анализите покажале дека ќе имаат штета сите засегнати страни. Ново законско решение најавуваат во почетокот на 2020-та...
Уште не стартувал со примена, Владата донесе решение да се укине Законот за трговија на зелените пазари. Анализите покажале дека неговата примена би довела до социјални, економски и фискални последици врз пазарџиите, изјави министерот Бектеши.
Ново решение во кое ќе бидат вметнати забелешките на сите засегнати страни ќе се донесе на почетокот на 2020-та. Одлуката на Владата е доставена до Собранието и се очекува законското решение да биде поништено по скратена постапка.
Законот за трговија на зелените пазари беше донесен во јануари 2018 година од страна на група пратеници. По притисокот на закупците на тезги поради дополнителните давачки, неговата примена беше одложена до почетокот на 2020.
Сунчица Николоска
