Давид Луиз замена за Пујол

05.03.2014 16:06

Само еден ден откако беше обелоденето дека Карлес Пујол ја напушта екипата на Барселона на крајот на сезоната, англиските медиуми ја објавија информацијата за обновување на преговорите со кои каталонците инсистираат да го добијат брасзилскиот репрезентативец од Челзи, Давид Луиз.

Раководството на тимот од Стенфорд Бриџ, минатото лето без многу размислување ја отфрли понудата на шпанскиот гигант. Абрамивиќ и компанија бараа минимално 50 милиони евра отштета.

Барселона е подготвена да понуди нешто повеќе од 30 милиони евра за 26 годишниот поливалентен играч, а нивна желба е трансферот да се реализира до почетокот на Светското првенство во Бразил.