Собрание

Законот за одбрана пред пратениците, власта и опозицијата со спротивставени ставови

11.12.2019 10:11

Владејачкото мнозинство очекува пратениците од сите политички партии на денешната собраниска седница да покажат дека се за членство во НАТО и даго поддржат законот. Неодговорно е, велат, на последниот чекор пред НАТО да се тера партиска политика...

На денешната пленарна седница на дневен ред 60-ина точки, но не се исклучува тој да биде дополнет. Меѓу предлозите е и Законот за одбрана кој се носи со двотретинско мнозинство, а за кој власта и опозицијата имаат спротивставени ставови.

Владејачкото мнозинство очекува пратениците од сите политички партии на денешната собраниска седница да покажат дека се за членство во НАТО и даго поддржат законот. Неодговорно е, велат, на последниот чекор пред НАТО да се тера партиска политика.

Единствен аргумент на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да не даде поддшка, според власта, е тоа што во законот е наведено името Република Северна Македонија, кое стои и на ратификацијата на договорот за НАТО, што треба да помине во Собранието.

Сѐ уште е неизвесно дали опозициската ВМРО-ДПМНЕ на пленарката ќе побара предвремена ратификација на пристапниот протокол за НАТО и кога ќе ги поднесе амандманите на Законот за употреба на јазиците. На дневен ред и Законот за јавнообвинителска служба и автентичното толкување на член 11 од Законот за помилување, за што Законодавно-правната комисија даде негативно мислење.