САД

Загинати и повредени во престрелка во Њу Џерси

11.12.2019 10:20

Напаѓачите зеле заложници и ги држеле четири часа во супермаркетот. Според информациите, двајцата напаѓачи дејствувале одделно.

Најмалку шест лица, меѓу кои еден полицаец и двајца осомничени вооружени лица, загинаа во повеќечасовно пукање во близина на гробишта и во супермаркет во Џерси Сити.

Напаѓачите зеле заложници и ги држеле четири часа во супермаркетот. Според информациите, двајцата напаѓачи дејствувале одделно.

Полициски детектив бил убиен во обид да ги запре осомничените. Засега нема докази дека станува збор за злосторство од омраза или за терористички напад. Во пукањето биле ранети двајца полицајци, како и еден цивил.