Во Софија формиран Форум на балкански писатели
11.12.2019 11:10
Се планира Форумот да биде поттикнувач на заедничките културни искуства во секојдневниот живот.
Во Софија е формиран Форум на балкански писатели. Главна цел на овој Форум е зачувување, поддршка и користење на јазичните, книжевните и културните разноликости во Југоисточна Европа.
Се планира Форумот да биде поттикнувач на заедничките културни искуства во секојдневниот живот.
Ќе бидат користени најновите достигнувања во технологијата, за да се доближат книжевните дела до читателите.
Ќе се организираат состаноци,објавување книги, доделување награди, средби на писатели, Фестивали и заеднички настани.
