Авганистан

Бомбашки напад пред Американска воена база

11.12.2019 10:45

Во нападот нема загинати, но сериозно е оштетена медицинската база, која се гради за локалното население.

Бомбаш-самоубиец детонираше експлозив пред главната американска база Баграм во Авганистан. Во нападот нема загинати, но сериозно е оштетена медицинската база, која се гради за локалното население.

Според еден од лекарите болницата, која се наоѓа во близина, исто така била под оган. Тој дополни дека во болницата биле примени петмина повредени, сите од Авганистан.