Брате помагај!
Колку е длабока кризата во тимиот на актуелниот Ф1 шампион Ред Бул за да побара помош од малиот Торо Росо?

И тоа се случи. До неодамна најголемиот, недопирливиот Ред Бул сега бара помош од помалиот брат Торо Росо.
Колку е длабока кризата во тимиот на актуелниот Ф1 шампион Ред Бул за да побара помош од малиот Торо Росо? Според италијански Аутоспринт, Ред Бул нема решение за софистицираниот систем за сопирање што е во корелација со ЕРС системот, па е подготвен да користи комплетен систем на друга екипа.
Како што наведува Хелмут Марко проблемот е во екстремното „турбо забавување“ по што силата кога ќе се притисне педалот за гас доаѓа одеднаш, тоа предизвикува неконтролирано пролизгување на задните тркала и значително губење на брзината. Ред Бул работи деноноќно на отстранување на проблемите до првата трка во Мелбурн, но под притисок на временскиот теснец подготвени се да користат конкурентно решение.
Потврда за сериозноста на ситуацијата стигна и од Себастијан Фетел кој вели дека Ред Бул во Австралија може да освои некој поен само ако ја извози трката, а притоа барем половина од другите болиди да не завршат.
