Вашингтон

Трамп: Русија да не се меша во изборите во САД

11.12.2019 11:07

Трамп во текот на средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја предупреди Москва да не се обидува да се меша во изборите во САД и ја повика да го реши судирот со Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја предупреди Москва да не се обидува да се меша во изборите во САД и ја повика да го реши судирот со Украина.

Американскиот државен секретар Помпео, пак, порача дека е „неприфатливо“кое било странско мешање во американските избори и на Русија и другите земји и порача дека администрацијата на Трамп ќе го заштити интегритетот на гласањето.