Велика Британија

Се топи мнозинството на Џонсон

11.12.2019 11:41

Се очекува конзервативците да обезбедат мнозинство од 28 пратенички места, што е значително помалку од 68-те мандати колку што им предвидуваше анкетата од пред две недели.

Изборната трка во Велика Британија станува сѐ понеизвесна. Најновите анкети покажаа дека конзервативците на премиерот Борис Џонсон треба на изборите во четврток да победат со мало мнозинство.

Се очекува конзервативците да обезбедат мнозинство од 28 пратенички места, што е значително помалку од 68-те мандати колку што им предвидуваше анкетата од пред две недели.

Предноста на конзервативците е многу намалена во последните две недели и засега не е сигурно дека премиерот Борис Џонсон ќе победи на изборите. Во тој случај Брегзит повторно може да биде одложен.