Сомалија
Могадишу: 11 загинати во напад во хотел
11.12.2019 11:54
Во нападот биле ранети уште најмалку осум лица, а спасени биле стотина лица. Хотелот, што се наоѓа во непосредна близина на претседателската палата во Могадишу, е популарно место за политичарите.

Во нападот врз хотелот во главниот град на Сомалија, Могадишу, биле убиени 11 лица, вклучувајќи ги и петтемина напаѓачи од групата Ал-Шабаб која ја презеде одговорноста за нападот.
Во нападот биле ранети уште најмалку осум лица, а спасени биле стотина лица. Хотелот, што се наоѓа во непосредна близина на претседателската палата во Могадишу, е популарно место за политичарите.
Ова е трет пат годинава хотел да е цел на напад на милитанти.
