Пендаровски: Ратификацијата на протоколот нема да се одолжи подолго од првиот квартал наредната година
Ратификацијата на Протоколот за НАТО е техничко прашање и нема да се одолжи подолго од првиот квартал наредната година, вели претседателот Пендаровски. Македонија наскоро ќе биде 30-та земја-членка...
Ратификацијата на Протоколот за НАТО е техничко прашање и нема да се одолжи подолго од првиот квартал наредната година- вели претседателот Пендаровски. Според најавите, Шпанија се очекува да формира влада до средината на јануари, по што документот треба да го ратификува и Парламентот.
По поканата за членство, на дневна основа добиваме меѓу 800 и 1.200 безбедносни информации од Алијансата, појаснува шефот на државата.
„Од поканата да станеме членка во Алијансата, дневно до нашата Мисија во НАТО стигнуваат од 800 до 1.200 безбедносни инфорамции од сите 29 сојузници. Станува збор за огромен резервоар на битни безбедностни информации кои не би ги имале ако сте надвор од Алијансата“, нагласи претседателот Пендаровски на дебатата за придобивките и предизвиците од членството во НАТО.
