МНР

50 години дипломатија: Заложба за изградба на демократска и европска иднина

11.12.2019 12:31

Професионална и активна дипломатија која ќе работи на остварување на стратегиските цели на државата. На одбележувањето 50 години македонска дипломатија, заложба за изградба на демократска и европска иднина...

Од скромни почетоци на македонската дипломатија пред 50 години до Mинистерство за надворешни работи на суверена држава која работи на остварување на националните цели и интереси, меѓу кои се и членството во НАТО и ЕУ. Ова се основите кои остануваат за дејствување на дипломатијата и во наредните години.

Професионалноста мора да биде основа на идните дипломати што ќе ја претставуваат државата, оценуваат македонските дипломати од кариера.

Северна Македониај успеа да стане членка на ООН, ОБСЕ, Советот за безбедност, го надмина спорот со соседите и е пред вратата на полноправното членство во НАТО, и почеток на преговори со ЕУ, значи земјава постигна успех благодарејќи и на својата дипломатија, оцени дојаенот на дипломатскиот кор, словенечкиот амбасадор Јазбец.

Македонската дипломатија се соочува со многу предизвици, професионалнизација во сопствените редови, поголема активност во меѓународните односи и потреба за поголеми финансии за успешно претставување на државата, оцени шефот на дипломатијата Димитров.

 

Ирина Гелевска