МВР заедно со германската полиција уапси криминалец осуден на 32 години затвор

11.12.2019 12:36

Сторител е на повеќе кривични дела – фалсификување, измами и телесни повреди сторени во земјава. За 37-годишникот се донесени повеќе пресуди.

Во соработка меѓу македонското МВР и германската полиција, во Хамбург е уапсен еден од најмногубараните криминалци со изречена казна затвор над 32 години. Нашата држава трагаше по него со 11 национални потерници и една меѓународна.

Сторител е на повеќе кривични дела – фалсификување, измами и телесни повреди сторени во земјава. За 37-годишникот се донесени повеќе пресуди.

Ова е втор случај на директна комуникација во последните неколку месеци со германската полиција по оној во август годинава, кога поради сомнение за недозволена трговија на 700 килограми кокаин во Германија, германец беше уапсен во државава.

Како резултат на соработката, за неколку месеци, се уапсени  30-тина лица по кои се трага со меѓународни потерници.