Администрација

Нов Закон за висока раководна служба

11.12.2019 13:13

Со новиот Закон за висока раководна служба целта е деполитизација на администрацијата преку зајакната примена на заслуги, еднаква и правична застапеност и професионализација на високите позиции.

Доброто управување е клучно за враќање на довербата на граѓаните во иснтитуциите, вели министерот Манчевски. Со новиот Закон за висока раководна служба целта е деполитизација на администрацијата преку зајакната примена на заслуги, еднаква и правична застапеност и професионализација на високите позиции.

Ресорниот министер Дамјан Манчевски денеска порача дека граѓаните треба да бидат сигурни оти ќе бидат избрани најдобрите кандидати. За изборот на секретарите и директорите ќе се формира комисија за висока раководна служба чии членови ќе ги избира посебен комитет преку јавно претставување на кандидатите. За секоја поединечна селекција за високо раководно место ќе се формира посебен одбор.

Законот ќе овозможи деполитизација на администрацијата преку зајакната примена на начелата на заслуги, еднакви можности и соодветна и правична застапеност, како и професионализација на високите раководни позиции, рече денеска на прес- конференција Манчевски.