Антони Пешев кум- бадникар, Климе Коробар здравичар
Скопјани по 28-ми пат, со ангажман на Одборот за традиционалната прослава на Бадник, ќе им се радуваат на празниците. За 2020-та кум- бадникар е Антони Пешев, а здравицата на Бадник ќе ја каже Климе Коробар...
Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, нафората и голтката топла ракија, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот христијански празник Божик. Традиционално од падините на Водно на Скопјани ќе им биде обезнането дека се е подготвено за централното одбележување на Бадник. Антони Пешев е новиот кум, а Климе Коробар ќе ја каже здравицата.
Љубовта и традицијата секогаш ги обединува луѓето. И во среќа и во моменти на најголемите искушенија. Кога една традиција што се негува четврт век, тогаш таа станува дел од народните обичаи и дел од народот, велат кумот и здравичарот.
Скопјани по 28-ми пат ќе им се радуваат на бадникарските свечености. В недела на 22-ри декември, напладне во месноста краста со сечење на гранчињата ќе бидат претставени новиот кум и здравичар, кои ќе ги повикаат граѓаните за централната прослава на 6-ти јануари пред Соборниот храм.
Александра Спировска
