Реформи во разузнавачкиот сектор
Со подобрување на отчетноста и управувањето на разузнавачкиот сектор против неправилна примена и злоупотреба на методите за собирање информации, до поголема стабилност, владеење на правото и безбедноста. Потребни се реформи, јакнење на капацитетите на субјектите во Парламентот, разузнавачкиот и правосудниот сектор, за да се помогне во развојот на механизмите за надзор...
ОТА има воспоставено систем, изградено процедури, внатрешна контрола на месечно ниво, можам да кажам дека сѐ е во ред, но реален доказ нема, тврди првиот човек на агенцијата Ангеловски. Вели дека контролите кој во моментот се прават не биле функционални. Смета дека со вака поставени контролни механизми реална контрола во ОТА не може да се направи. Апелира на нов Закон за надзор, експертска контрола и модернизација.
И директорот на Агенцијата за национална безбедност, Димовски, е согласен за нова законска регулатива, но и да се почне со имплементација на она што е донесено. Со ист став се и собраниските комисии за надзор, кои се пожалија дека им недостига техничката поддршка за ефикасност во спроведувањето на контролите.
Од Советот за граѓански надзор побараа средства за нормално функционирање.
На конференцијата посветена на реформите во безбедноста беше најавено дека наскоро ќе функционира и таканаречената заштитна или глува соба. Позитивни резултати и промени во насока на безбедносниот реформски процес кој треба ја врати довербата на луѓето, но и во владеење на правото. Треба да се продолжи- оценка на меѓународните фактори кои помагаат во оваа сфера.
Наташа Гркова- Петрушевска
